Германскиот ракометен клуб Интерактив официјално соопшти дека македонскиот тренер Филип Лазаров повеќе нема да ја води екипата, ставајќи крај на повеќегодишната соработка.
Лазаров се пресели во Интерактив во 2018 година како играч од редовите на Бешикташ, а по завршувањето на играчката кариера во 2022 година ја презеде тренерската клупа. Уште во дебитантската тренерска сезона ја освои шампионската титула и го внесе тимот во Третата Бундеслига, а под негово водство клубот го освои и германскиот аматерски Куп.
И покрај краткотрајното испаѓање од повисокиот ранг по пласманот во 2023 година, екипата брзо се врати во Третата Бундеслига. Изминатата сезона Интерактив ја заврши на осмото место со 30 освоени бода, што претставува најдобар клупски резултат уште од сезоната 2014/15. Покрај сениорскиот тим, Лазаров остави значаен белег и во развојот на младинската школа и спортската стратегија на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
