Мурињо: Лош фудбалер, секогаш ќе биде лош фудбалер

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, изјави дека ниту еден фудбалер не може да биде над интересите на клубот, осврнувајќи се на статусот на Винисиус Жуниор пред гостувањето кај Валенсија во шпанското првенство.

Особено интересно беше неговото објаснување за разликата помеѓу квалитетните и просечните фудбалери.

„Лошиот играч секогаш ќе остане лош играч. Но, добриот играч може да има лоши моменти. Да беше Винисиус лош играч, луѓето ќе речеа дека одиграл добро во Атина. Тој ќе продолжи да работи, а кога станува збор за одлуката кој ќе игра, тимот секогаш е пред поединецот“, изјави Мурињо. 

Се вчитува...