Кадетите подобри од младинците на контролата во „Расадник“

Во спортската сала „Расадник“ во Скопје се одигра контролен натпревар помеѓу машката младинска (М20) и машката кадетска (М18) ракометна репрезентација на Македонија. Во неизвесен и борбен дуел, победата ја однесе кадетската селекција со 24-22.

Овој пријателски натпревар е дел од планираните подготовки на двете репрезентативни селекции. Проверката послужи како одлична можност за стручните штабови да ја проверат моменталната подготвеност на ракометарите, со цел подобрување на тимската игра и подигнување на натпреварувачката форма пред претстојните предизвици на меѓународна сцена.

Се вчитува...