Тиквеш со минимална победа над Скопје

Тиквеш славеше со минимални 1-0 на домашен терен против Скопје во премиерниот натпревар од 13. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Клучниот момент во натпреварот се случи во 26. минута кога Ренатињо го постигна погодокот вреден три бода за кавадарчани.

Програмата продолжува утре со два дерби натпревари. Во Струга домашната Трим Лум од 12 часот ќе ја пречека тетовска Шкендија, а еден час подоцна актуелниот шампион Вардар во Кратово ќе му гостува на Силекс.

13. рунда од новата сезона во ПМФЛ ќе се заокружи во недела. Во Куманово, Башкими ќе ја пречека штипска Брегалница, додека во Гостивар, Арсими ќе се сретне со Шкендија Арачиново.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...