Го нема Леброн, Брони заврши во развојна лига

Брони Џејмс одигра многу малку во новата сезона за Лејкерси, поради што беше испратен во Г-лигата.

Кога Леброн Џејмс дојде во Лос Анџелес Лејкерс, се поставуваше прашањето каква ќе биде судбината на Брони Џејмс. Сепак, синот на една од најголемите НБА ѕвезди има договор за оваа и за следната сезона. Пред почетокот на следната сезона, Лејкерси имаат тимска опција преку која би можеле да го раскинат договорот, но нивниот сегашен потег беше донекаде очекуван.

Брони досега има постигнато само четири поени во НБА оваа сезона, со просек од три минути игра на пет натпревари. За да не „грее“ клупа, тимот го испрати во својот развоен тим, Коачела Вели Лејкерс.

Ова не е ништо ново за Брони Џејмс. Тој настапуваше во развојната лига во текот на изминатите две сезони, каде што имаше просек од 18,4 поени по натпревар.

Г-лигата започнува в петок, а првиот натпревар за развојниот тим на Лејкерси ќе биде против развојниот тим на Јута, Солт Лејк Сити Старс.

Се вчитува...