Возачот на Априлија, Хорхе Мартин, доби дозвола од својот лекар да учествува на тркачкиот викенд за Големата награда на Катар.
Мартин, кој е во конкуренција за титулата во „кралската класа“ за 2024 година, се здоби со скршеница на десниот зглоб при пад за време на спринт-трката на „Филип Ајленд“, по што Марк Маркез презеде целосна контрола во борбата за шампионската титула.
И покрај сериозната повреда, Мартин минатата недела успешно ги помина медицинските прегледи во Сепанг, но помина многу малку време на патеката пред да одлучи да се повлече од остатокот на тркачкиот викенд.
Со двојниот триумф на Големата награда на Малезија, Маркез ја зголеми својата предност на врвот во генералниот пласман на 44 поени пред Мартин и 67 поени пред уште еден возач на „Априлија“, Марко Бецеки. Тоа значи дека уште овој викенд во Лусаил, возачот на Дукати има шанса да ја обезбеди својата 10. титула, а осма во „кралската класа“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
