Академија ФМП го „преплива“ Црн Дрим

Академија ФМП повторно влегува во серија на победи откако по триумфот над Работнички, тимот од Кисела Вода сега го совлада и Црн Дрим во заостанатиот натпревар од четвртото коло со 65-86. „Пантерите“ го контролираа натпреварот во секој поглед, а фантастичното напаѓачко темпо во третата четвртина во кое избраниците на Петровиќ постигнаа 32 поени, наспроти 14 на домашниот состав беше клуч за забележување на шестиот триумф во сезоната.

Академија ФМП подобро го започна натпреварот и благодарение на добриот шутот за три поени стигна до двоцифрена предност по седум минути игра (7-18). Од овој момент домаќините заиграа далеку подобро ги користеа грешките на „пантерите“ па успеаја да ја преполоват предноста до крајот на првата четвртина (15-20). Изедначената игра продолжи до крајот на првото полувреме, домаќините не ги служеше шутот од далечина, но одговорија со добра игра во рекетот на гостите од Скопје, но до полувремето успеаа само минимално да ја намалат предноста (31-35).

Академија ФМП работите ги зема во свои раце уште на стартот на второто полувреме. Добрата одбрана над Каухерд создаваше проблеми во организацијата на играта на Црн Дрим, а тоа го користеше Академија ФМП кој возврати со одлична игра во рекетот. Високото темпо во нападот на „академиците“ донесе 32 поени во третата четвртина па скопскиот состав замина на недостижна предност од 45-67. Последната четвртина беше само формалност во која Црн Дрим запрети на самиот почеток и стигна до негатива од 55-69, но недоволно за пресврт на средбата.

Најрасположен во составот на Црн Дрим со 12 поени беше Џејмс Каухерд, додека него го следеше Садики Коне со 10 поени и 8 скока. Како двоцифрен со 10 поени и 5 скока натпреварот го заврши Михајло Арсоски. Четири играчи во редовите на Акадмија ФМП забележаа двоцифрен број на поени од кои предводник со 21 поен и 11 скока беше Теодор Атанасов, Стефан Крстајиќ додаде 15 поени и 4 скока, Рони Харис забележа 14 поени и 5 асистенции, додека Лука Петровски натпреварот го заврши со 12 поени и 3 асистенции.

 

Се вчитува...