Академија Пандев официјално го промовираше најновото засилување за новата натпреварувачка сезона, младинскиот репрезентативец Бојан Димоски.
18-годишниот Димоски меѓу „пандевци“ доаѓа од редовите на Вардар, потпишувајќи двегодишен договор со струмичани.
Димоски веќе се приклучи на подготовките на тимот, па се очекува да биде на располагање на стручниот штаб уште за првото коло од новата сезона во кое Академија Пандев на 9. август гостува на Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА