Академија Пандев ја „торпедираше“ ЦСКА Софија во Анталија

Академија Пандев на најдобар можен начин ги заврши подготовките во Анталија триумфирајќи убедливо со 4-0 против ЦСКА Софија.

Во доминантната партија на „пандевци“, Сашко Пандев донесе водство од 1-0 во 34. минута, а останатите три погодоци беа во второто полувреме. Најпрво во 53. минута стрелаше Бакар, потоа во 64. минута Димоски и во 73. минута и Ѓорѓиев за 4-0.

На претходните тест-дуели во Анталија, Академија Пандев загуби од Лапи со 0-2, и двапати ремизираше против Нови Пазар (1-1) и Крилја Советов (0-0).

Се вчитува...