Итен состанок во Баерн Минхен – дали се прифаќаат 220 милиони евра од Реал за Олисе?

Реал Мадрид покажа огромен интерес за Михаел Олисе и е подготвен да плати над 200 милиони евра за Французинот да дојде на „Сантијаго Бернабеу“ ова лето. Во Баерн се свесни дека таква понуда е тешко да се одбие, поради што свикаа итен состанок и донесоа конечна одлука.

Со недели се шпекулира на заминување на Олисе во Мадрид, и дека двата клуба преговараат. Меѓутоа германските медиуми пишуваат дека Баерн не е подготвен да го продаде Олисе ниту за понудената сума, а се споменува цифра од 220 милиони евра. Наводно ова било одлучено на итниот состанок.
Наводно целта на Баерн Минхен била идната сезона да се нападне Лигата на шампионите, а за такво нешто е потребен и Олисе во тимот. Се очекува и самиот фудбалер да го каже својот став по завршувањето на Мундијалот, на кој со неговата селекција се пласираше во полуфиналето.

Се вчитува...