Димитриевски се приклучи на подготовките на Валенсија: Сакам да бидам подобар од лани

Заврши одморот за Столе Димитриевски, и тој се приклучи на подготовките на својот тим Валенсија. Минатата сезона беше со пресврт за македонскиот голман. Сезоната ја почна од клупата, а потоа доби шанса да брани, и максимално ја искористи. Се очекува и следната сезона да биде во стартниот состав на „лилјаците“.

Пресвртот во ситуацијата се манифестираше и со активирање на клаузулата од страна на Валенсија за продолжување на неговиот договор за уште две години, со зголемена плата и со бонус од пола милион.

Димитриевски пред новинарите истакна дека неговата желба е тој и неговиот тим да бидат подобри од лани.

„Се надевам дека ќе ги подобрам перформансите од минатата сезона.“, истакна Димитриевски. 

Во врска со прашањето кој ќе започне на голот , чуварот на мрежата беше внимателен:

„Тукушто пристигнав, па затоа одам полека.“, додаде Димитриевски. 

Се вчитува...