Браќата Маркез ја освоија Германија

Браќата Алекс и Марк Маркез уште еднаш покажаа зошто се меѓу најголемите ѕвезди во Мото ГП. Марк славеше во спринт трката на Големата награда на Германија на патеката Заксенринг, додека неговиот помлад брат Алекс заврши втор, комплетирајќи ја големата семејна прослава.

Целосната доминација на Дукати ја потврди Фабио Ди Џанантонио, кој го освои третото место, па сите три места на подиумот му припаднаа на италијанскиот производител. Разликата помеѓу победникот и третопласираниот возач беше само осум десетинки од секундата.

Марк Маркез не започна одлично откако се лизна на стартот, но успеа да го задржи водството пред Алекс Маркез . По почетниот притисок од нивните ривали, браќата Маркез ја контролираа трката, додека Ди Џанантонио го следеше нивното темпо и го задржа третото место.

Во финалето, Дукати дополнително ја зголеми својата предност во однос на остатокот од конкуренцијата и уште еднаш ја потврди својата доминација на патеката Заксенринг.

Се вчитува...