Нојер предизвикал хаос во селекцијата на Германија со неговиот „кам-бек“

Испадна Германија во 1/16 финалето на Светското првенство. Изненадувачки, загуби од Парагвај, и така прерано го заврши настапот на Мундијалот.

Германските медиуми јавуваат дека како еден од „виновниците“ би можел да биде голманот Мануел Нојер, кој непосредно пред Светското првенство се одлучи да се врати во националниот тим.

Јулијан Нагелсман веднаш му ја довери позицијата прв голман на искусниот чувар на мрежата, и покрај тоа што Оливер Бауман се надеваше дека ќе биде меѓу диреците, и бранеше во квалификациите. Наводно поради ова тренерот на голманите Андреас Кроненберг размислувал за оставка пред почетокот на Мундијалот.

Нојер исто така дополнително побарал Јонас Урбиг да биде еден од тројцата голмани на Мундијалот, наместо Александар Нибел. На крајот бил пронајден компромис, па Урбиг отпатувал со националниот тим, а Нибел останал на официјалниот список.

Се вчитува...