Фудбалот во Јужна Африка ја потресе трагична вест. Џејдем Адамс, играч од средниот ред на Мамелоди Сандаунс и на репрезентацијата, почина на 25-годишна возраст под неразјаснети околности.
Адамс неодамна играше за селекцијата на Јужна Африка на актуелното Светското првенство, каде што ја претставуваше својата земја на најголемата фудбалска сцена. Деталите за неговата смрт сè уште не се познати, а семејството побара приватност во овој тежок момент.
Порталот „Сокер Ладма“ објави дека веста ја потврдил и адвокатот на играчот и неговата менторка Брендине Џонсон, која зборувал во име на семејството. Клубот ниту ја потврди ниту ја негира информацијата. Џонсон додаде дека зборувала со Адамс пред неколку дена, и бил многу позитивен.
„Не можам да ги најдам вистинските зборови. Ве замолувам да ја почитуваме приватноста на неговото семејство. Ова никој не го очекуваше“, рече таа.
Адамс ги играше сите три натпревари од групната фаза, и одигра 116 минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
