Македонските прволигаши привршуваат со подготовките во пресрет на новата сезона, а во пријателските натпревари денеска на победи се радуваа Академија Пандев и Стуга Трим Љум кои силите ќе си ги одмерат меѓусебно во првото коло од ПМФЛ.
Струмичани одиграа натпревар против бугарскиот тим Пирин во кој славеа со 6-0 со хет-трикот на Велиновски и головите на Мирчевски, Трајков и Мартинага. За составот на Александар Васоски ова беше последен натпревар во Банско пред враќањето во Струмица.
Стружани пак славеа против косовската Малешева со 2-1 со головите на Немања Босанчиќ и Емир Скендери во 12. и 51. минута од мечот, а почесниот гол за Малешева го постигна Абази во 72. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА