Академија Пандев против Вардар ќе брка крај на серијата од 11 меча без победа!

Ќе има ли крај на серијата на Академија Пандев од 11 едноподруго натпревари (шест ремија и пет порази) без победа во домашниот шампионат? Во 26. коло од ПМФЛ денеска од 16 часот во Турново, „пандевци“ крај на негативната серија ќе мора да бркаат против актуелниот шампион Вардар.

Во редовите на Академија Пандев веруваат дека може да стигнат до триумф, во желбата и за продолжување на битката за европски излез…

„Нема разлика што играме против Вардар. Сакаме крај на серијата без победа. Вардар може да биде само мотив повеќе да се стигне до посакуваните три бода. Ќе биде тежок дуел, но секако подготвени сме за надигрување“ – велат од таборот на струмичани.

Но, и статистиката е на страната на „вардарци“. Во дуелите со новиот прволигаш Академија Пандев, Вардар знае само за победи и на официјални и на неофицијални натпревари. Вардар има максимален број на победи против Академија Пандев, денеска атакува на третиот официјален триумф. Двата меча се одиграа оваа сезона. „Црвено-црните“ најпрво го совладаа својот противник на „Младост“ во Струмица со 2-0 со головите на Максимов и на Стојков. На домашен терен, пак, црвено-црните беа подобри и победија со 3-1. Тогаш во листата на стрелците се запишаа Дејан Блажевски и Ховханес Хамбарџумјан кој што два пати погоди во противничката мрежа. Вардар има и еден „пријателски“ триумф над Академија Пандев, минимално со 1-0 во 2016 година.

ДВОЈКИ – 26. КОЛО (16 ч.)

Скопје: РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (15 ч.)

Турново: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ВАРДАР

Струмица: ПОБЕДА – СКОПЈЕ

Тетово: ШКЕНДИЈА – РЕНОВА

Скопје: ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...