Академија Пандев се засили со фудбалер на Црвена Звезда

Академија Пандев на една седмица пред стартот на новата сезона се засили со нов фудбалер од Србија, откако го комплетираше трансферот на Милан Томиќ.

Станува збор за играч за врска кој пристигнува од редовите на Црвена Звезда, 20-годишниот Томиќ ги има минато сите младински категории на српскиот гигант, а во сениорска конкуренција досега беше испраќан на позајмици во екипите на Графичар и на Звездара.

„Пандевци“ претходно се засилија со младиот Бојан Димоски од Вардар, како и со 20-годишниот дефанзивец Никола Серафимов.

Се вчитува...