Академија Пандев со две нови засилувања

Академија Пандев со две нови засилувања ќе влезе од стартот на сезоната откако струмичкиот прволигаш денеска ги официјализираше трансферите на Кире Маркоски и на Кристијан Трапановски. Станува збор за двајца крилни офанзивци кои ќе му бидат од огромна помош на тренерот Таневски во борбата за што повисок пласман во новата сезона.

Маркоски е актуелен репрезентативец на Македонија, доаѓа од редовите на чешкиот прволигаш Карвина, а претходно има настапувано и за Македонија ЃП, Работнички, Спартак Трнава и за АЕЛ Лимасол.

Кристијан Трапановски е младински репрезентативец на Македонија и е повратник во тимот на Академија Пандев, откако пред неколку години замина во Славија Прага. Во својата кариера уште има настапувано и за тимовите на Татран Прешов, Викторија Жишков и Подбрезова.

Академија Пандев во првото коло му гостува на Пелистер, в недела со почеток во 17.30 часот.

Се вчитува...