„Бомба“ од Англија: Винисиус на пат кон Лондон!?

Бразилецот Винисиус Жуниор неодамна влезе во последната година од својот договор, па доколку не потпише нов, Флорентино Перез сигурно ќе го продаде.

Се шпекулира дека тој е сè уште најголемата пречка, Винисиус сака да биде исто како Килијан Мбапе и верува дека заслужува статус на прва ѕвезда. 

Овие сите факти му одат во прилог на Арсенал. Англискиот првак има потреба од лево крило, а на врвот на неговите приоритети бил наводно Бразилецот. Морган Роџерс се споменуваше како прва цел, потоа и Баркола, но засега не се направени конкретни потези.

Доколку не постигне конечен договор, тогаш Вини сигурно дека ќе биде продаден од газдата Перез. Се ќе биде познато во следните неколку денови, кога Бразилецот ќе треба и дефинитивно да одлучи за својата иднина.

Се вчитува...