Мега трансфер на повидок: ПСЖ ја „краде“ ѕвездата на Барселона

Пари Сен Жермен би можел да остане без Бредли Баркола ова лето и се обидува да го замени со шпански репрезентативец. Станува збор за играчот на Барселона, Феран Торес кој е на радарот на европскиот првак.

Баркола би требало да го напушти Париз, а наводно изборот на Луис Енрике паднал на својот сонародник кој игра за Барселона.

Барселона нема намера да отвори врата за негово заминување под никакви услови. Феран има договор до 2027 година, а клубот претходно ја спомена желбата на спортскиот директор Деко да ги активира разговорите за продолжување на соработката.

Затоа, доколку ПСЖ одлучи да преземе поконкретен чекор, ќе мора да ги убеди и играчот и Барселона. Феран претходно јавно изјави дека не знае ништо за интересот на ПСЖ и дека не го интересира темата додека е фокусиран на националниот тим.

Клучниот дел од приказната би можел да биде Баркола. Доколку францускиот крилен напаѓач го напушти ПСЖ, парискиот клуб би морал брзо да дејствува и да му донесе замена. Во тој сценарио, Феран станува една од опциите.

Се вчитува...