Академија Пандев: Желбата на Дориев беше клучна за трансферот во Шкендија

Репрезентативецот Љупче Дориев го направи најзвучниот трансфер во домашниот шампионат, од Академија Пандев се пресели во Шкендија, а струмичкиот клуб му се заблагодари на фудбалерот за седумте години поминати меѓу „пандевци“.

„Академија Пандев ја прифати понудата на Шкендија за Љупче Дориев, кој заминува да ги брани боите на тетовскиот тим. Дориев беше еден од најдобрите поединци во нашиот тим и миленик на струмичката публика. Желбата за промена и нови предизвици кај фудбалерот, беа клучен фактор за реализација на трансферот, а ние како клуб му посакуваме многу успеси во понатамошната кариера. Љупче ти благодариме за се што направи за нашиот клуб!“, истакнаа од Академија Пандев.

Се вчитува...