„Ако чекаме се да биде во ред, ќе дојде 2022 година“

Првиот човек на ВТА Стив Сајмон истакнува дека напорно работи со своите соработници како би можело да продолжи тениската сезона. Тениската сезона беше суспендирана во март поради пандемијата од коронавирусот, а тенисерките на терените би требало да се вратат на почетокот на август.

„Ова дефинитивно не се нормални времиња, но се обидуваме да најдеме решение. И понатаму имаме многу проблеми со карантинот и патувањата и тоа е тоа што ќе не мачи до крајот на сезоната. Мораме да ја искористиме ситуацијава и од неа да научиме, за да знаеме како да се однесуваме во иднина. Треба да продолжиме, но и во исто време да го зачуваме здравјето на сите. Ако чекаме се да дојде на свое, ќе треба да чекаме до 2022 година. А, тоа е многу време“, изјави Сајмон. 

Првиот човек на ВТА додаде дека следната седмица ќе се знае дали ќе има шанси да се организираат предвидените турнири во Кина.

Се вчитува...