Ако го елиминира Карабах, Силекс во ЛШ ќе игра против подобриот од мечот Шериф – Фола Еш

Македонскиот претставник Силекс ако го елиминира шампионот на Азербејџан, тимот на Карабах, во следната квалификациска рунда од Лигата на шампионите ќе игра против подобриот од дуелот Шериф Тираспол (Молдавија) и Фола Еш (Луксембург).

Силекс во првото коло ќе му гостува во Азербејџан на 18/19 август, а второто квалификациско коло е закажано 25/26 август. Тогаш кратовскиот тим би бил домаќин на средбата, доколку УЕФА не одлучи да се игра на неутрален терен.

Се вчитува...