Поранешниот фудбалер на Барселона, Семјуел Ето го прокоментира можното заминување на Лионел Меси од клубот. По лошата сезона се појавија шпекулации дека одличниот Аргентинец би можел да го напушти „Камп Ноу“. Камерунецот и Меси беа соиграчи од 2004 до 2009 година, а во тој период меѓу останатото освоија и две Лига на шампиони.
„Се надевам дека тие кои носат одлуки ќе направат прав потег. Го сакам Лео, тој ми е како син. Барселона е Меси. Секогаш сакам најдобро за него, но клубот е Меси. Ако одлучи да замине ќе мора да најдеме друго име за клубот. Среќни сме што го имаме најдобриот фудбалер на сите времиња“, изјави Ето.
За Лионел Меси веќе подолго време е заинтересиран италијанскиот Интер, а во трката за неговиот потпис влегува и Манчестер Сити кој е предводен од Пеп Гвардиола, тренер со кој Меси ја освои ЛШ во 2009 и 2011 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА