Аксел Лунд Свиндал е непобедлив во Вал Гардена

Норвешкиот ветеран на алпското скијање, Аксел Лунд Свиндал ја забележа 36 победа во кариерата на трките од Светскиот куп и седмиот успех во италијанската Вал Гардена триумфарајќ  на третата супервелеслаломска трка од сезоната. За него ова е петти успех на супер-џи трките во италијанскиот скијачки центар.

Свиндал со триумфот се израмни на седмото место на вечнатa листа скијачи според бројот на победи во Светскиот куп со Австриецот Бенјамин Рајх.

На натпреварувањето во Вал Гардена, Свиндал беше само за пет стоинки побрз од второпласираниот Италианец Кристоф Инерхофер. Норвешкиот успех го дополни Кетил Јансруд кој имаше резултат за третото место на подиумот.

По денешниот успех, Свиндал е лидер и во генералниот поредок и во пласманот за супервелеслалом. Во вкупниот пласман има 297 бода, 17 повеќе од ланскиот освојувач на Големиот кристален глобус, Марсел Хиршер. Во супер-џи има 205 бода, 21 повеќе од Кетил Јансруд.

За утре во Вал Гардена е закажана суператрактивната спуст трка.

Се вчитува...