Актуелниот шампион во пливање и официјално се откажа од СП во Будимпешта

Калеб Дресел, најдобриот пливач на денешницата и официјално се повлече од Светското првенство кое се одржува во Будимпешта. Американецот поради здравствени проблеми нема да настапи за тимот на САД.

По само четири дена асот си заминува од Унгарија и нема да се бори за повеќе медали. На Светското првенство, Дресел дојде до златни медали во трките на 50 метри делфин и штафетата на САД на четири пати по 100 метри. Неговото повлекување беше по квалификациите на 100 метри слободно, во кои заврши на второто место зад Давид Попович.

Дресел досега нема загубено индивидуална трка во финалињата. Тој 14 пати беше светски првак, додека на Олимписките игри има седум златни медали.

Се вчитува...