Ал Атијах го напушти релито Дакар

Победникот од 2011 и 2015 година на релито Дакар, Насер Ал Атијах, го напушти натпреварувањето по третата етапа. Тој сериозно го оштети автомобилот откако удри во голема дупка, и се повлекува од годинашното издание на релито Дакар.

„Тоа беше моја грешка. Но, грешките секогаш се случуваат. Имав лоша среќа, но вакви работи се случуваат на релито Дакар. Сега ќе треба да чекам цела година за повторно да го возам моето омилено рели“, изјави Насер Ал Атијах.

По повлекувањето на Ал Атијах и проблемите што ги има Жинил Де Вилие, сега Нани Рома е главен фаворит за титулата во конкуренцијата на автомобили.

Се вчитува...