Ал Келаифи: Не сум загрижен, Мбапе ќе остане во ПСЖ

ПСЖ остана без планираната титула во француското првенство, но уште поголем проблем за управата претставува иднината на Килијан Мбапе. Најдобриот стрелец на „светците“ важи за предводник на новата генерација суперѕвезди заедно со Ерлинг Халанд, тој и сезонава имаше бројни извонредни настапи во дресот на ПСЖ, но проблем за „светците“ е што договорот на Мбапе истекува следното лето, па ако не потпише нов договор тој ќе мора да биде продаден во овој преоден рок.

Реал Мадрид веќе подолго време е во офанзива по Мбапе, во трката се вклучи и Ливерпул, но првиот човек на ПСЖ, Насер ал Келаифи, е убеден дека ќе успее да се договори за продолжуваање на соработката со извонредниот голгетер.

„Немам зошто да бидам загрижен, Килијан Мбапе е член на ПСЖ и тој ќе остане дел од нашиот клуб и во иднина. Овде правиме извонреден амбициозен проект, од летово финансиски ќе бидеме уште помоќни и ќе успееме да го задржиме Мбапе“, изјави Ал Келаифи.

Се вчитува...