„Аларм“ во Борусија Д., се повреди Халанд

Борусија Дортмунд го доби натпреварот со Хофенхајм на гостински терен. Халанд постигна еден гол, меѓутоа од таборот на „милионерите“ го вклучија алармот откако им се повреди Ерлинг Халанд.

Норвежанецот мораше да биде заменет во 63. минута од средбата, и видно со гримаса на лицето. Станува збор за адукторот, повреда која Халанд веќе ја имаше и поради која паузираше извесен период.

Кон крајот на средбата поради повреда излезе и Аканџи, па така од таборот на Борусија Дортмунд треба да стравуваат дека ќе останат без двајца клучни играчи.

Се вчитува...