Аларм во Хрватска поради Димитров, Задар доби построги мерки за заштита

Во Задар и во целата задарска жупанија ќе бидат воведени специјални мерки за заштита од коронавирусот откако во градот се направи паника поради позитивнот тест на Григор Димитров кој игаше на турнирот од „Адрија турнејата“ на Новак Ѓоковиќ. Димитров пет дена помина во Задар во близок контакт со учесниците на турнирот, но и со дел од публиката и од населението. Од денеска во Задар се забранети посетите на болниците и на постарите лица, а веднаш ќе биде формиран и специјален лекарски тим кој ќе прави проценка на ситуацијата.

Поради сето ова во Задар се вратени дел од забраните кои беа на сила за време на кризата од коронависусот. Веднаш по добивањето на информацијата за позитивниот тест на Димитров, организаторот го откажа финалниот натревар на турнирот, а полиција ги отстрануваше луѓето од комплексот каде што се одржување настанот.

Димитров вчера се врати во Монако каде што го направил тестот и веднаш информираше дека е позитивен. Според информациите, никој од тенисерите учесници на турнирот не чувствува симптоми, дел од нив беа и тестирани, а оние кои беа во најблизок контакт со бугарскиот тенисер како Новак Ѓоковиќ добија препораки за двонеделна самоизолација во матичните држави или во местата на живеење.

Се вчитува...