Албанија им се приклучи на Полска и Шведска, нема да играме против Русија!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) вчера ѝ наложи на Русија да ги игра своите мечеви под нејзина капа, мундијалските баражи, на неутрален терен, без име и химна, ама сето тоа е залудно зашто Полска и Шведска остануваат на ставот дека нема да играат против „зборнаја“.

На Полска и Шведска, кои први би требале да играат со Русија им се приклучи во бојкотот и соседна Албанија. Албанците се во група со Русија во Лигата на нации, мечеви кои треба да се играат во јуни.

„Албанија нема да игра на ниту еден меч против Русија во било кој спорт сѐ додека нѐ заврши окупацијата на Украина и руските трупи нѐ се повлечат од Украина“, објави министерката за надворешни работи, Олта Џачка.

УЕФА пред некој ден ѝ наложи на Русија, клубовите и репрезентациите да играат на неутрален терен, како и украинските, што исто така наиде на отпор кај јавноста, но денеска во најава е суспензија на клубовите од европските купови.

Се вчитува...