Фудбалската репрезентација на Албанија ќе има нов селектор од летово откако беше донесена одлука да се прекине соработката со Силвињо и на негово место да биде ангажиран Роландо Маран.
Бразилецот Силвињо успеа да ја одведе Албанија на ЕВРО 2024, но во баражот за СП 2026 беше елиминиран од Полска, по што беше донесенна одлуката соработката со овој стручњак да не биде продолжена.
Од неколкуте опции за нов селектор беше избран Маран, итлаијански стратег со 20-годишно искуство на Апенинскиот полуостров кој ги има водено Киево, Калјари, Џенова…
„Ќе го вложам сето сво искуство, сето свое срце, за да бележиме добри резултати“, изјави 61-годишниот Маран на промоцијата во Тирана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
