Албиол успешно опериран, паузата нема да биде долга

Раул Албиол денеска беше опериран во Лондон, хируршки зафат со кој „наполитанците“ се надеваат дека конечно ќе бидат надминати хроничните проблеми што 33-годишниот дефанзивец ги имаше со болка во левото колено.

Можеме да потврдиме дека Албиол беше опериран на левото колено. Операцијата беше перфектно успешно изведена“ – потврдија од раководството на Наполи.

Со овој хируршки зафат воедно се овозможува Шпанецот да се врати на терените пред завршувањето на сезонава. Имено, предвидената пауза изнесува меѓу шест и осум седмици, па се очекува Албиол повторно да се најде во тимот на Карло Анчелоти на почетокот од месец април.

 

Се вчитува...