Алегри: Дибала се извини, сега повеќе го почитувам…

Напуштањето на клупата за резерви на Пауло Дибала пред крајот на дуелот со Парма предизвика бурни реакции, но тензијата е смирена откако аргентинскиот фудбалер им се извинил на соиграчите за своето однесување. Дел од навивачите бараа и казна за Аргентинецот поради непочитување кон тимот, но тренерот Алегри јасно стави до знаење дека тоа нема да се случи.

„Дибала се извини поради случката, тоа и го очекував од момче што е многу интелигентно. Покажа карактер, се извини пред сите фудбалери и сега уште повеќе го почитувам. Тој е заменик-капитен кога го немаме Кјелини, го носи дресот со број 10 и мора да разбере дека сето тоа носи дополнителна одговорност. Верувам дека сега е свесен за ситуацијата, немам зошто дополнително да го казнувам, тој сигурно ќе игра против Сасуоло“ – изјави Алегри.

Јувентус вечерва со почеток во 18 часот му гостува на Сасуоло.

Се вчитува...