Алегри е главен во Јувентус: Бонучи го критикуваше, па доби казна

Јувентус има почеток на сезоната за заборав. Торинскиот гигант е пет натпревари без победа, а кризата се продлабочува со немирот кој владее во соблекувалната. Играчите се изненадени од одлуките на тренерот Масимилијано Алегри, а тој наместо да најде решение да ја смири ситуацијата, ги казнува оние кои го критикуваат.

Така беше и последниот случај со легендата на клубот, Леонардо Бонучи кој по критиките по поразот од Бенфика во Лигата на Шампионите беше изостаен од тимот кој се сретна со Монца.

„Ме загрижува состојбата во која се наоѓаме. За жал имаме тенденција да се губиме во својата игра во текот на натпреварот. Не знам зошто тоа се случува, но факт е дека тоа најмногу ме загрижува, повеќе од лошите резултати“, изјави капитенот алудирајќи на проблемот со тренерската тактика.

Помошникот на Алегри, Марко Ландчи по средбата со Монца изјави дека тоа е поради „технички причини“, но медиумите во Италија откриваат дека станува збор за казна против искусниот стопер. Со казна против капитенот, Алегри сака да им одржи лекција на играчите дека тој е главен.

Се вчитува...