Алегри не му дава одмор на Роналдо ни со Фросиноне

Италијанскиот првак Јувентус со најсилниот тим ќе игра и вечерва на дуелот против Фросиноне. Во тимот ќе биде и првата ѕвезда, Кристијано Роналдо, откри тренерот Масимилијано Алегри.

„Влегуваме во низа од девет меча и тежок распоред во наредните неколку месеци. Кристијано Роналдо ќе биде стартер против Фросиноне“, изјави Алегри, потврдувајќи дека и Пауло Дибала ќе настапи од самиот старт.

„Бонучи ќе биде дел од одбраната, а Кјелини можеби ќе добие мала поштеда. Барѕалји исто така ќе биде на клупата“, дополни тренерот на Јувентус.

„Старата дама“ в среда го игра и првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.

Се вчитува...