Алегри: Не сум задоволен, можевме и подобро од ремито кај Интер

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри не е целосно задоволен од резултатот на синоќешниот меч од 9. коло на италијанското првенство против Интер.

Јувентус одигра 1-1 на гостувањето во Милано, спасувајќи се од пораз со гол од пенал во самиот финиш.

„Првото полувреме беше добро, второто уште подобро. Имавме неколку шанси, па можевме и подобро. Да не заборавиме дека Интер е силен технички и физички, затоа ни требаше големо залагање. На почетокот бевме премногу возбудени од притисокот, но ова е исто така уште една фаза во процесот на раст. Загубивме осум од девет бода во првите три кола, па моравме да почнеме одново од основите, организација и цврста одбрана“, изјави Алегри.

Се вчитува...