Фудбалската репрезентација на Аргентина заслужено стигна до финалето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, откако вечерва во второто полуфинале со пресврт славеше над плашливата Англија на Томас Тухел со 2-1.
Првиот дел не ни донесе буквално никакви фудбалски возбудувања, но затоа видовме се друго. Натпреварот уште од стартот тргна нервозно, а Аргентинците за само 91 секунда веќе имаа направено два фаули.
Истата нервоза продолжи до крајот на првиот дел во кој за издвојување се само жолтите картони кои ги добија Андерсон на едната страна и Лисандро Мартинез на другата страна.
Второто полувреме почна многу подобро. Аргентина прва се закани уште во 47. минута, откако двојна шанса имаше Хулиен Алварез, но Англичаните успеаја да се одбранат. Казната стигна во 55. минута кога Гордон донесе водство за Англија од 1-0 на асистенција на Морган Роџерс.
England [1] – 0 Argentina – A. Gordon 55'
byu/Alsace2025 insoccer
Аргентина тргна во тотален напад по примениот гол, а Англија се повлече со сите фудбалери. Првата опасна шанса гаучосите ја имаа во 69. минута преку Гонзалез, но Пикфорд беше одличен. Среќата го посака „гордиот албион“ во 76. минута, кога Алексис Мекалистер ја погоди стативата.
Kaзната за плашливата игра на Тухел стигна во 86. минута кога Енцо Фернандез со прекрасен гол заслужено донесе израмнување 1-1.
England 1 – [1] Argentina – Enzo Fernandez 85'
byu/ayoefico insoccer
Целосен пресврт донесе Лаутаро Мартинез кој во 92. минута ги постави конечните 2-1.
England 1 – [2] Argentina – Lautaro Martínez 90+2'
byu/ayoefico insoccer
Во финалето Аргентина за противник ќе ја има Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
