Кошаркарската репрезентација на Македонија до 20 години го забележа и вториот триумф на Европското првенство Б-дивизија откако вечерва славеше против репрезентацијата на Азербејџан со 67-57.
Нашите надежи одиграа едно слабо прво полувреме по кое имаа негатива од 25-32. Сепак, одигравме одлично во вториот дел, па сето тоа беше доволно да се стигне до победа над Азербејџан од 67-57.
Коста Ќириловски со 16 поени беше прво име во нашиот табор, додека кај поразените Беркоз и Абгасон постигнаа по 12 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
