Галатасарај би можел да го приреди едно од најголемите трансфер-изненадувања ова лето, според турскиот весник „Фанатик“, шампионот на оваа држава сериозно размислува да го ангажира фудбалерот на Манчестер Сити, Фил Фоден.
Вредноста на англискиот репрезентативец се проценува на околу 70 милиони евра, и иако наводно постигнал договор со Сити во мај за продолжување на соработката, новиот договор се уште не е официјализиран. Во моментов, неговиот актуелен договор истекува следното лето.
Претседателот на истанбулскиот клуб, Дурсун Озбек, наводно сака силно засилување кое би испратило јасна порака пред новата сезона, а целосна слобода во преговорите му е дадена на познатиот агент Гарди, човек кој во изминатите години учествуваше во носењето на неколку големи имиња во Истанбул.
Според истиот извор, токму Гарди го предложил Фоден како главна цел на Галатасарај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
