По 14 години во НБА, Јонас Валанчиунас се враќа во Европа. Литванскиот центар официјално потпиша за Жалгирис Каунас откако беше ослободен од обврските кон Денвер Нагетс. Од Жалгирис соопштија дека Валанчиунас потпишал двегодишен договор, до крајот на сезоната 2027/28, со што литванскиот гигант го комплетираше составот за претстојната натпреварувачка година.
Според информациите на „Баскетњуз“, Валанчиунас во Жалгирис би требало да заработи околу пет милиони евра за две години. Минатата сезона тој одигра 65 натпревари за Денвер со просек од 8,7 поени, 5,1 скок и 1,2 асистенции, при што имаше реализација од 58,2 отсто од поле и 30,8 отсто за три поени.
Жалгирис ја заврши сезоната 2025/26 на петтото место во регуларниот дел од Евролигата, но беше елиминиран во плејоф-серијата против Фенербахче. Вкупно, во текот на својата НБА-кариера, тој заработи повеќе од 156 милиони долари, а сега се враќа дома како најголемо засилување на Жалгирис за новата сезона.
WARNING: the paint is 𝐂𝐋𝐎𝐒𝐄𝐃 until further notice.
Jonas Valanciunas is back in his homeland. 🔥⚡ pic.twitter.com/oRSEcIcC6B
— BC Zalgiris Kaunas (@bczalgiris) July 15, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
