Зинедин Зидан со години чекаше можност да седне на клупата на француската репрезентација, но иако заминувањето на Дидие Дешамп го отвори тоа место, потпишувањето на договорот заглави поради законското ограничување на платите.
Само еден ден по болната елиминација од Светското првенство и поразот од Шпанија во полуфиналето, Дидие Дешамп потврди дека ја напушта селекторската позиција во француската репрезентација. Иако фудбалската јавност очекуваше итно именување на Зинедин Зидан, Француската фудбалска федерација се соочи со сосема неочекуван и бизарен правен проблем што го одложи целиот договор.
Како што пренесува угледниот „Л’Екип“, проблемот настанал поради нов закон усвоен на 8 јули од страна на заедничката комисија на францускиот Сенат и Националното собрание. Тој закон воведе горна граница за платите во одредени јавни претпријатија и организации од јавен интерес, која изнесува најмногу 450 илјади евра бруто годишно.
Со оглед на тоа што оваа одредба важи и за селекторите на фудбалската репрезентација, Федерацијата се најде во ќорсокак. Споменатата сума е дури десет пати помала од онаа што ја заработуваше претходниот селектор Дешамп. За воопшто да му понуди договор на Зидан што одговара на неговата репутација и статус, Француската фудбалска федерација сега мора да чека итна измена на законот или посебен исклучок.
Се дотогаш, официјалното претставување на Зидан останува на чекање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
