Александар Ѓорѓевиќ е нов тренер на Виртус

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Александар Ѓoрѓевиќ, е именуван за нов тренер на италијанскиот Виртус Болоња. Клубот информираше дека ја прекинува соработката со досегашниот тренер, Пино Сакрипанти и дека е постигнат договор со Ѓорѓевиќ кој е повратник во италијанската кошарка. Тој претходно во тренерската кариера ги предводеше Армани и Бенетон.

Ѓорѓевиќ го презема Виртус како десеттопласиран во италијанскиот шампионат со 20 бода од 21 одигран натпревар и со биланс 10/11. Клубот влезе во лоша резултатска серија, има четири порази на последните пет средби и елиминација во Купот. Затоа е направена и тренерската смена.

Се вчитува...