Алексовски успешно опериран: „Шкупи е голем клуб, веднаш ми го продолжи договорот“

Голманот на Шкупи, Игор Алексовски успешно е опериран по стекнатата повреда, по што сега го чека долг период на рехаблитација.

Но, за поранешниот македонски младински репрезентативец сигурно утеха плус е максималната коректност на неговиот клуб кој го награди со нов договор.

„Добро се чувствувам, сама да се заблагодарам на сите за поддршката. Огромна благодарност до мојот клуб Шкупи кој се покажа навистина голем. Со оглед на тоа што договорот ми завршува, Шкупи се одлучи да ми го продолжи на уште една, на што сум им многу благодарен. Ме чека рехабилитација, но сакам што побрзо да се вратам и да помогнам на клубот“ – изјави Алексовски.

Согласно најавите се очекува Алексовски на терените повторно да се врати за околу шест месеци.

Се вчитува...