Али Адем е нов фудбалер на косовски Лапи

Доскорешниот фудбалер за врска на Македонија Ѓорче Петров, Али Адем, е нов фудбалер на косовски Лапи.

Поранешниот младински репрезентативец потпиша двегодишен договор со косовскиот прволигаш кој ќе ја осигура неговата верност до 2028 година. За 26-годишниот играч од средниот ред ова не е прв интернационален предизвик. Во својата досегашна кариера тој веќе настапуваше во шампионатите на Грција и Албанија. На домашната сцена, покрај за Македонија ЃП, Адем ги бранеше и боите на скопските ривали Вардар и Шкупи.

Во екипата на Лапи тој ќе му се приклучи на уште едно познато име од македонскиот фудбал. Станува збор за Фитон Адеми, поранешниот напаѓач на тетовска Шкендија.

Се вчитува...