Македонскиот фудбалски репрезентативец, Езгијан Алиоски за официјалниот сајт на ФИФА говореше за успехот на фудбалската репрезентација и историскиот прв пласман на големите натпреварувања. Алиоски вели дека Македонија има нова генерација на одлични млади фудбалери, но дека никогаш нема да има легенда каква што е Горан Пандев.
„Кога го гледам Пандев си велам овој човек има 38 години. Тоа е неверојатно. Замислете да е десет години помлад, тој може да ја освои Златната топка. Тој е неверојатен фудбалер. Покрај тоа што е неверојатен фудбалер и има големо искуство, тој пред се е неверојатен како човек. Со начинот на кој се однесува со нас изгледа како никогаш да не освоил Лига на шампиони и за тоа за каква ѕвезда се работи. Доколку имате некој проблем тој секогаш е тука да ви помогне. Доаѓа нова генерација на неверојатни фудбалери, но Македонија никогаш нема да има легенда како Горан Пандев. Тој даде многу за оваа генерација, но и за фудбалот во Македонија“, вели Алиоски.
Македонија на Европското првенство е во група заедно со Холандија, Украина и Австрија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА