Алиоски и Лидс добија лекција од Кристал Палас (ВИДЕО)

Лидс го доживеа и четвртиот пораз сезонава во Премиерлигата, овој пат на гостувањето против Кристал Палас во 8. коло.

Домашните убедливо со 4-1 славеа против составот на Марсело Биелса, најавувајќи ја победата уште во 12. минута со голот на Дан.

Бамфорд во 27. минута го постигна единствениот гол за Лидс.

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски го одигра целиот натпревар за гостинската екипа.

Се вчитува...