Алиоски: Мојот прв гол за Фенербахче ми е најдраг во кариерата

Македонскиот репрезентативец и фудбалер на Фенербахче Езџјан Алиоски, рече дека никогаш нема да го заборави голот против Адана Демирспор, кој беше неговиот прв во дресот на „жолто-сините“.

Тој кажа дека е задоволен од престојот во Фенер, и го опиша овој клуб со три збора: „Љубов, страст, моќ“.

„Во кариерата имам постигнато многу голови, но првиот за Фенербахче против Адана Демирспор ми е најдраг во кариерата. Тој момент нема никогаш да го заборавам“, рече Алиоски и додаде:

„Ако треба да го опишам овој тим со три збора, тоа би било: љубов, страст и моќ. За мене најголем фудбалер кој играл во овој клуб е Алекс“, додаде Алиоски.

Голема е веројатноста Алиоски и идната сезона да остане во тимот од Истанбул, откако екипата одлучи да го откупи неговиот договор. Во моментов тој игра како позајмен од Ал Ахли.

Се вчитува...