Алиоски по големиот триумф: Срце, карактер… Каков меч!

Езгијан Алиоски одигра фантастичен натпревар за Лидс на гостувањето против Манчестер Сити, меч на кој тимот на Македонецот го зеде скалпот на лидерот на премиерлигашката табела.

Алиоски одлично си ги заврши дефанзивните задачи, а воедно и го имаше клучното додавање, фантастична асистенција од средината на теренот кон Далас при победничкиот погодок во 91. минута.

„Срце, карактер… Каков настап“, еуфорично порача Алиоски веднаш по големата победа.

Се вчитува...