Алиоски пред потпис со Галатасарај

Езгијан Алиоски е пред потпис за турскиот гигант Галатасарај, пренесуваат дел од англиските медиуми.

Алиоски се поизвесно нема да го продолжи договорот со Лидс, па најблиску е до договор со Галатасарај од каде веќе има сериозна понуда. Договорот меѓу двете страни е на чекор од реализација.

Наредниот период се очекува да бидат познати деталите за условите под кои би играл за турскиот тим.

Алиоски четири години е член на Лидс, а претходно настапуваше и за швајцарските Шафхаузен и Лугано.

Се вчитува...